Фудбал

Пех за Ливерпул – Жота се повреди и го чека подолга пауза

Пех за Ливерпул – Жота се повреди и го чека подолга пауза

Португалскиот фудбалер од редовите на Ливерпул Диого Жота заработи повреда и го очекува подолга пауза од фудбалските терени.

Тој го повреди коленото во премиерлигашкиот меч со Брентфорд, а тоа го потврди и Јирген Клоп за клупскиот веб-сајт.

„Диого има проблеми со коленото, очигледно тоа ќе трае со месеци. Не би можел точно да ви кажам колку ќе отсуствува“, изјави Клоп.

Повредата ќе го оддалечи Жота од терените барем еден месец, а можеби и нешто подолго.

 

To top