Фудбал

Ретклиф официјално е сопственик на 27.7% од акциите во Манчестер Јунајтед

Ретклиф официјално е сопственик на 27.7% од акциите во Манчестер Јунајтед

Анфлискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Џими Ретклиф стана сопственик на 27,7% од акциите на клубот.

Сопственикот на компанијата „Инеос“ и вториот најбогат Британец, инвестираше 300 милиони долари во развојот на клубот.

Се огласи и самиот Ретклиф.

„Голема е еста што станав ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, а тоа е воедно и голема одговорност. Ова е крај на периодот на трансакција, но почеток на на нашето патување, кое има за цел да го врати клубот на врвот во англискиот и европскиот фудбал“, рече Ретклиф.

To top