Храна и Пијалаци

Зачини кои може да ги додадете во кафето за да го забрзате метаболизмот

Со додавање на зачини како цимет и куркума во утринското кафе, не само што можете да го подобрите неговиот вкус, туку и потенцијално да го забрзате метаболизмот.

Зачини кои може да ги додадете во кафето за да го забрзате метаболизмот

Кафето е омилен пијалок во кој уживаат милиони луѓе ширум светот поради неговиот богат вкус, ефектот на кофеин и другите придобивки. Сепак, тоа е многу повеќе од само утринско задоволство.

Како што пренесува „Јаху Лајф“, со додавање на зачини како цимет и куркума во утринското кафе, не само што можете да го подобрите неговиот вкус, туку и потенцијално да го забрзате метаболизмот.

Цимет

Познат по својот топол и сладок вкус, циметот е разновиден зачин кој се најде во многу шолји за кафе низ светот. Неговите ароматични и малку зачинети ноти можат да го „подигнат“ вкусот на вашиот утрински пијалок, а покрај кулинарската привлечност, се верува дека циметот има потенцијална поврзаност со побрз метаболизам.

– Истражувањата покажаа дека циметот е корисен за зголемување на чувствителноста на инсулин и за подобрување на нивото на шеќер и холестерол во крвта, кои се клучни за губење на тежината и целокупното здравје – открива диететичарот и консултант за исхрана Шери Бергер.

Куркума

Куркумата, со својот земјен и малку пипер вкус, е зачин кој стана популарен поради потенцијалните здравствени придобивки. Така, иако тоа не е негов традиционален придружник, многумина почнаа да ставаат куркума во своето кафе.

– Куркумата содржи активно соединение наречено куркумин, кое во последно време е предмет на чести истражувања поради неговата потенцијална улога во поттикнувањето на метаболизмот. Според неколку студии, куркуминот е поврзан со намалување на обемот на половината, индексот на телесна маса (БМИ) и телесната тежина, вели Бергерова.

To top