Свет

Австралија ги зголемува расходите за одбрана за повеќе од 10,7 милијарди долари

Австралија ги зголемува расходите за одбрана за повеќе од 10,7 милијарди долари

Австралија денеска објави план за речиси двојно зголемување на бројот на нејзините големи воени бродови во текот на следната деценија.

Според планот, Канбера ќе ги зголеми трошоците за одбрана за повеќе од 10,7 милијарди австралиски долари (6,5 милијариди евра) и ќе има 26 големи борбени бродови, додека сега има 11.

– Тоа ќе биде најголемата флота што ќе ја имаме од крајот на Втората светска војна. Австралиската морнарица мора да биде способна да ја обезбеди безбедноста и безбедноста на нашите поморски патишта … бидејќи тие се од суштинско значење за нашиот начин на живот и за нашиот просперитет, изјави австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс.

Австралија ќе изгради шест фрегати од класата „Хантер“, 11 повеќенаменски фрегати и шест модернизирани борбени бродови кои ќе можат да пловат без екипаж. Неколку бродови ќе бидат вооружени со ракети „Томахавк“.

To top