Лука Јовиќ по подолго време се најде во првиот тим на Милан во Серија А и не се прослави. Српскиот напаѓач, кој во последниот период игра во одлична форма и сè почесто се запишува во листата на стрелците, не го дочека крајот на средбата со Монца.
Имено, во 52. минута Јовиќ беше исклучен на „Бриантео“, откако падна на провокација на противникот и му удри шамар.
Главниот судија не го забележа најдобро тој момент и прво му додели жолт картон, но ВАР реагираше и Коломбо ја промени својата првична одлука и му го покажа патот кон соблекувалната на српскиот напаѓач.
Luka Jovic once he gets an (earned) opportunity to start: pic.twitter.com/pb1Tg1p9D9
— Complaxes (@Complaxes) February 18, 2024