Фудбалерите на Барселона вчера ја победија Селта со 2:1 и го одбранија третото место на табелата во Ла Лига од Атлетико Мадрид.
Се уште актуелниот шампион на Шпанија до триумфот стигна дури во 97. минута, кога Роберт Левандовски го искористи повторениот пенал.
– Победивме и мислам дека го заслуживме тоа, изјави Чави.
На третото место Барса има два бода помалку и меч повеќе од второпласираната Џирона, додека три бода повеќе од Атлетико.
– Задоволен сум од тоа како тимот реагираше на веста дека ќе го напуштам клубот на крајот од сезоната. Оттогаш освоивме 10 од можни 12 бода, додаде Чави. (МИА)