Македонија

Љутков: Министерството за култура наместо да се грижи за националните установи, дава пари на новокомпонирани здруженија и покажува дека националната култура не треба да постои

Љутков: Министерството за култура наместо да се грижи за националните установи, дава пари на новокомпонирани здруженија и покажува дека националната култура не треба да постои

Министерството за култура создало околу 70 национални установи, Владата и Министерството за култура е должно овие 70 национални установи да ги одгледува, да ги финансира и да се грижи за нив. Вториот дел, Министерството поддржува или кофинансира проекти на други корисници, здруженија на граѓани, физички лица кои нудат проекти кои се од национален интерес, но не се национални установи. Во оваа последната програма е сосема обратно, се рушат сите национални институции им се дава помалку пари од минатата година или 10 до 12 проценти, не се одржуваат националните установи, нема капитални инвестиции, рече Зоран Љутков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата За или против говорејќи за Годишната програма на Министерството за култура.

Според него тие што почнале да се градат во 2012, 2013 година, а не успеале да се изградат до 2017 година, седум години по ред воопшто не се обрнува грижа за нив и им се дава минимум средства на националните установи, а се даваат пари на новокомпонирани здруженија им се даваат огромни бодови за да се покаже дека националната култура не треба да постои.

„Од 2017 година наваму се менуваат пет или шест министри и тоа го покажува односот на Владата кон овој стратешки ресор кога се врши удар врз јазик, култура, кон државата. И на ваквиот однос кон културата има реакции годиниве наназад“, кажа Љутков.

Љутков рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш во прв план ја става меѓу првите три сектори како најзначајни.

„Ние создаваме една доста издржана програма, жал ми е што за седум години нема ништо во културата за да го надградуваме. Во новата програма сега културата ќе биде меѓу првите три области. Три денари од акцизата за нафтените деривати да одат директно во образование, култура и спорт. Тоа значи дека на годишно ниво секој од овие ресори ќе добива 14 до 15 милиони евра на годишно ниво. Тоа е дупло буџетски средства од програмата за проекти за 2023 година“, вели Љутков.

Љутков укажа дека во институциите мора да се донесат кадри, менаџери кои ќе управуваат автономно кои ќе носат одлуки и ќе одговараат за нив.

Најнови вести од Македонија

To top