Шпанскиот лев бек Виктор Алонсо Гарсија, кој пред 3 месеци потпиша за РК Вардар не е повеќе дел од колективот на „црвено-црните“.
Во Вардар гледаа солидно засилување во овој шпански ракометар, но неговата авантура траеше многу кратко откако не ги оправдал очекувањата на управата, па разделбата доаѓа во договор меѓу двете страни.
Овој ракометар во минатото има настапува во првенствата на Италија, Израел, Романија и Франција, а играше на кратко и во клуб од Косово, каде сега повторно ќе продолжи.
Од Вардар се уште нема официјална потврда за неговото заминување, а од друга страна, косовскиот клуб Раховец веќе го потврди доаѓањето на Алонсо.