Доколку Килијан Мбапе (24) одлучи да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен на најмалку една година, засекогаш ќе биде избришан од списокот на засилувања на Реал Мадрид, објави мадридско радио „Кадена СЕР“.
Станицата која заедно со „Марка“ и „Ас“ ги има најсигурните извори на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и во својата програма редовно ги вклучува функционерите на славниот клуб, меѓу кои и претседателот Флорентино Перез, денеска објави дека во Мадрид се свесни за преговорите што Мбапе ги води со ПСЖ, за продолжување на соработката и дека Перез и неговите соработници донесоа голема одлука дека нема да платат ниту цент за играчот што го чекаат две години.