На хартија, пресметката меѓу Лацио и Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите треба да биде игра на мачка и глушец. Баварците во среда од 21 часот ќе гостуваат на „Олимпико“, а веројатно ниту најоптимистите и покрај тоа што Баерн под водство на Томас Тухел не покажува препознатлива доза на моќ, не веруваат дека италијанскиот тим има капацитет да го запре еден од првите три фаворити за титулата европски првак.
Да се потсетиме на двомечот од осминафиналето во 2021 година – Баерн го пречека Лацио од „Алијанц Арената“ и славеше со 2-1, а Рим беше освоен со уште четири гола за вкупни 6-2.
По непријатниот пораз од Вердер, гигантот од Минхен до овој викенд има три победи (Унион Берлин, Аугсбург, Менхенгладбах), додека Лацио пред дуелот со Каљари трипати не победи со само еден постигнат гол. Римјани го имаат еден од најмалку убедливите напади во Серија А и нема играч кој се наметнал со голови. Кај тимот од средината на табелата во Серија А најдобар стрелец е Имобиле со пет гола, а напаѓачот на Баерн, Хари Кејн моментално е лидер во трката за „Златната топка“ со 24 првенствени голови.
Гигантот од „Алијанц Арената“ има проблеми со повреди на крилните играчи, бидејќи отсуствуваат Коман и Гнабри, а под знак прашалник е и настапот на Алфонсо Дејвис. Сепак, сè освен победа на германскиот клуб во Рим би било своевидно изненадување.