По пауза од речиси три месеци, пејачката и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ објави нов блог на Јутјуб и покажа како изгледало нејзиното патување и настап во Германија.
Марија истакнала и дека не спиела откако го доби синот Марио. Кога го започнала своето патување, признала дека малку доцнела токму затоа што презаспала, а штом пристигнала во хотелот кажала реченица која ги насмеала сите.
-Се чувствувам толку поспано што не можам да го опишам со зборови. „Оваа мајка ќе легне веднаш и ќе се видиме кога ќе се разбуди„, рече таа.
Најтешко за неа е неспиењето откако доби дете и секогаш се чувствувала уморно.
Времето пред концертот го искористила за одмор, за прошетка, но и за јадење на омиленото јадење во локалните ресторани.
Кога се вратила во Србија, Марија ја пречекала нејзината мајка Верица, која го чувала малиот Марио и која и подготвила ручек за ќерката, кој веднаш го пробала и сè снимила на камера.