Познати Зла маќеа

Принц Хари му поставил УЛТИМАТУМ на болниот татко: Со ОВАА личност не сакал да се сретне, а има и причина

Чарлс Трети пред две недели беше опериран во приватна болница во Лондон, каде му беше дијагностициран рак како посебен здравствен проблем.

Принц Хари му поставил УЛТИМАТУМ на болниот татко: Со ОВАА личност не сакал да се сретне, а има и причина

Принцот Хари се сретна со својот татко Чарлс во Лондон минатиот вторник. Тој се упати кон Британија по веста дека британскиот монарх боледува од рак.

Средбата не траела долго, а сега се откриваат нови детали кои кажуваат многу за односот кој принцот го има со кралицата Камила, која во своите мемоари објавени минатата година ја нарече негативка.

Тоа е всушност она што може да се нарече ултиматум и во голема мера го опишува односот помеѓу таткото и синот. Принцот Хари не сакаше да биде во иста просторија со кралицата кога разговараше со својот татко, кралот Чарлс III во неговата резиденција во Лондон.

Пишувајќи во Телеграф, пријателката на Камила и британска новинарка Петронела Вајт рече: „Хари, слушам, не сакаше да биде во иста просторија со својата маќеа кога разговараше со кралот за неговата дијагноза рак“.

Хари за кралицата Камила

Средбата меѓу таткото и синот, според некои извори, траела околу 30 или 45 минути. Не е тајна дека Хари и Камила имаат проблематичен однос откако војводата во своите мемоари „Spare“ напиша дека неговата маќеа објавува приказни за кралското семејство во медиумите за да го подобри нејзиниот имиџ.

„Имам измешани чувства за добивање маќеа за која мислев дека неодамна ме жртвуваше на нејзиниот личен ПР“, пишува тој во книгата.

Хари исто така откри дека тој и неговиот брат Вилијам го молеле нивниот татко да не се ожени за Камила бидејќи се плашеле дека ќе добијат зла ​​маќеа.

За потсетување, кралот и кралицата се во брак од 2005 година. Чарлс претходно беше во брак со принцезата Дијана, мајката на Хари и Вилијам, која јавно кажа дека нејзиниот сопруг ја изневерил со Камила, односно дека имало три лица во нивниот брак.

Бракот на кралот и во тоа време принцот од Велс и Лејди Ди официјално траеше од 1981 до 1996 година. Една година подоцна, таа загина во сообраќајна несреќа во Париз, а почина и нејзиниот вереник Доди ал Фаед.

„Таа се мешаше во бракот на моите родители“

Хари во јануари минатата година во емисијата „CBS News 60 Minutes“ на Андерсон Купер зборуваше негативно за Камила. Чарлс Трети пред две недели беше опериран во приватна болница во Лондон, каде му беше дијагностициран рак како посебен здравствен проблем.

To top