Без вода денеска од 10:10 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Георги Попхристов“ во општина Чаир.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради промена на шибер ф-100 милиметри на улица „Георги Попхристов“ без број, кај ТЦ „Васил Главинов“.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.