Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе води промакедонска политика

Николоски: СДСМ се моли кај Курти наместо да го осуди мешањето во внатрешните работи, Курти нема што да бара во Македонија

Николоски заклучи дека е јасно оти СДСМ се обидува по секоја цена да се умилкува на Курти и оти најдобро би било тој да си ја гледа работата дома, во Косово.

Николоски: СДСМ се моли кај Курти наместо да го осуди мешањето во внатрешните работи, Курти нема што да бара во Македонија

Гледам некоја пасија, опседнатост на СДСМ да му се умилкуваат на Албин Курти. Вака интензивна комуникација немаат со ниту еден друг. Прво во Косово беа Маричиќ и Зачевиќ, потоа Пендаровски, па Курти дојде тука. И се ова се случува во рок од две и пол недели мислам дека со поблиска фамилија толку често не се гледаат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Николоски додаде „јас очекував да го осудат обидот на Курти да се меша во внатрешните работи на Македонија“.

„Исто така очекував дека ќе има реакција на одредени негови ставови во однос на создавањето на единствен албански политички спектар кој ќе делува секаде каде живеат Албанци како Косово, Јужна Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора. Но, не гледам дека го осудуваат, туку одат и коленичат, бидејќи веруваат дека може да им помогне на начин што би ги замоли Албанците топ тан да везат во влада со СДСМ. Но, ни тоа нема да им помогне бидејќи победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе е толку убедлива што ќе може и сама да прави влада. И сите са се обединат против ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат математика за составување на влада“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека спин била информацијата за атентат на Курти за време на посетата на Скопје.

„Кога беше во Скопје излезе информација дека имало обид за атентат. Тоа е целосно неточна информација, МВР ја демантираше. Но, тоа е договорен спин помеѓу СДСМ и владата на Косово со цел дефокус од проблемите во Македонија и кревање на рејтингот на владата на Косово. Повторувам, ова е договорен спин кој за нивна несреќа беше брзо разобличен“, посочи Николоски.

Николоски заклучи дека е јасно оти СДСМ се обидува по секоја цена да се умилкува на Курти и оти најдобро би било тој да си ја гледа работата дома, во Косово.

Потпретседателот Николоски во интервјуто укажа дека ВМРО-ДПМНЕ после победата ќе води промакедонска политика.

Најнови вести од Македонија

To top