Барселона синоќа направи уште еден голем кикс откако одигра 3-3 против Гранада, позитивно од вчерашниот дуел за Каталонците може да биде само настапот на младиот Лемине Јамал.
Јамал стана најмладиот фудбалер кој постигнал два гола на еден натпревар од Ла Лига.
Тој исто така стана најмладиот фудбалер во Шпанија кој стигнал до 10+ голови и асистенции заедно.
Јамал има само 16 години и 213 дена.