Хеликоптерот „Ingenuity“ кој на Марс го испрати американската вселенска агенција НАСА испрати нови фотографии.
Тоа е првото вселенско летало направено од човек што изврши контролиран лет на друга планета, а сега влезе во својот 64-ти лет, иако се очекуваше да изврши само пет летови.
Tenemos nuevo vuelo#NASA‘s #Ingenuity #Mars #Helicopter
Oct. 27, 2023 (Sol 955 of the #Perseverance rover mission). This was the date of Ingenuity’s 64th flighthttps://t.co/EcIFYZ7goNImage Credit: NASA/JPL-Caltech/j. Roger pic.twitter.com/ZXEgDndRAG
— landru79 (@landru79) October 31, 2023
За време на овој лет кон крајот на октомври, вселенското летало, со пропелери кои се вртеле 2.400 пати во минута, направило фотографии од површината на пустината на Марс со должина од 441 метар.
Поради сонцето кое е над леталото, неговата сенка е видлива на површината. „Ingenuity“ направи неколку фотографии со помош на навигациска камера, која е поставена на неговиот труп и насочена директно надолу за да ја снима земјата во лет.
На Марс е и роверот „Perseverance“, со големина на просечен автомобил, кој соработува со хеликоптерот „Ingenuity“. Овој ровер е во мисија да пронајде знаци на примитивен живот од минатото на површината на Црвената планета. Тоа може да бидат делови од генетски материјал или распаднати клетки.
Засега нема докази дека постоел живот на Марс или на кое било друго место освен на Земјата, но роботите продолжуваат да ја пребаруваат пустината, особено коритата на исушените езера, реки и потоци, за знаци на поранешен живот.
View this post on Instagram