На 10.02.2024 во 01.00 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“ при излез од државата при извршена контрола на патничко моторно „бмв“ управувано од К.М.(62) од Р.Грција констатирано било дека истакнати биле регистарски таблички со грчки национални ознаки, кои се издадени за друго патничко возило „бмв“, а на увид дал и сообраќајна дозвола што не одговара со карактеристиките на возилото кое го управува. Тој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 ст.3 по што е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Исто така, како што стои во полицискиот билтен на МВР имало уште две апсења.
На 10.02.2024 во 21.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.Х.(23) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.А.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.