Американските сопственици на италијанскиот фудбалски клуб Рома подолго време не се во најдобри односи со навивачите, а се шпекулира дека и тие самите не би имале ништо против да го продадат клубот, за чие купување наводно пристигнала понуда од неверојатни 900 милиони евра.
Истиот фонд е сопственик на Њукасл Јунајтед, а сега „тргнува“ и по преземање на еден од најславните калчолигаши.
Рома е освојувач на Конференциската лига пред две сезони, а во Серија А вкупно во историјата има освоено три шампионски титули, девет купови и три Суперкупа. Важи за еден од најдолговечните членови на елитниот фудбал во Италија и само еднаш има испаднато во понизок ранг, во сезоната 1951/52.