По надминувањето на сите предизвици во тек е реализација на проектот за изградба на ново детско игралиште во велешкото село Сојаклари. Во тек се подготовки градежни зафати, информира градоначалникот Марко Колев.
-Потоа ќе следи поставување на урбана опрема во новото детско катче за децата од ова село, кое ќе стане место за нивно дружење и рекреација, најави Колев.
Тој појасни дека проектот изградба на Детско катче во ова населено место во Општина Велес, а кое е во близина на велешкото езеро „Младост“, се реализира со кофинансирање на Општина Велес и Бирото за регионален развој. (МИА)