Свет Северна Кореја пред секои избори во Јужна Кореја провоцира

Јун: Јужнокорејската морнарица без двоумење ќе дејствува на провокациите од Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол денеска по повод Лунарната нова година посети поморската единица која има повеќеракетен систем и изјави дека неговата земја е „целосно подготвена веднаш да одговори во случај на непријателска провокација“.

Јун: Јужнокорејската морнарица без двоумење ќе дејствува на провокациите од Северна Кореја

– Ако непријателот нè провоцира, применете го принципот прво дејствувајте, а подоцна пријавете и одговорете решително, масовно и без двоумење целосно да ја уништите волјата на непријателот, истакна Јун за време на посетата на поморска единица на границата со Северна Кореа.

Претходно, Северна Кореја ја прогласи Јужна Кореја за „главен непријател“, ги затвори организациите задолжени за разговори за повторно обединување на двете земји и се закани со војна доколку јужнокорејските сили навлезат „илјадати дел од милиметарот“ на нејзина територија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повтори дека Пјонгјанг нема да се двоуми да ја „срамни со земја“ Јужна Кореја доколку неговата земја биде нападната.

Покрај размената на заканувачки изјави, двете страни изминатите месеци ја зајакнаа безбедноста на границата и спроведоа воени вежби долж границата.

Јун го обвини Пјонгјанг дека е „неразумен“ и дека провоцира пред парламентарните избори во Јужна Кореја, што се закажани на 10 април.

Јун, кој дојде на власт ветувајќи построг став кон Пјонгјанг, се надева дека неговата конзервативна партија ќе го врати парламентарното мнозинство што го загуби во 2016 година.

Северна Кореја пред секои избори во Јужна Кореја провоцира, надевајќи се дека ќе предизвика проблеми во таа земја.

To top