Хроника следува соодветна пријава

Уапсен малолетник од кичевско, после вербална расправија со гасен пиштол пукал во воздух

На 09.02.2024 во 18.30 часот во Кичево, лишен од слобода е 17-годишник од кичевското село Лисичани.

Уапсен малолетник од кичевско, после вербална расправија со гасен пиштол пукал во воздух

Кај него, пронајден и одземен е еден гасен пиштол марка „Екол“, калибар 9 милиметри од кој, по претходна вербална расправија со П.П. и Л.Г. од Кичево, во воздух испукал еден куршум.

При извршениот увид, полициските службеници, на местото пронајдоа една чаура од гасен пиштол. По целосно документирање на настанот за кој е известен и јавен обвинител, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

To top