Во пресрет на гостувањето во Битола, своите очекувања ни ги сподели тренерот на вардарци, Владо Недановски.
„Пред сè очекувам големо дерби меѓу двете екипи кои се најголеми ривали во Македонија. Ќе биде празник за ракометот, играме против најдобро конструираната екипа оваа година во првенството. Да не заборавиме дека Еурофарм Пелистер направи тим за Лигата на шампионите. Фаворитската улога би им ја препуштиле ним, ќе играат пред својата публика, пред своите „Чкембари“. Сепак, ние не одиме предадени, ќе се бориме и се надеваме на поволен резултат. Станува збор за квалитетен ривал како што е Еурофарм Пелистер. Јас не би кажал дека со сигурност ќе победиме, но ќе се обидеме, па исходот ќе видиме каков ќе биде“, ни кажа Недановски пред дербито против пелистерци.