Тренерот на македонскиот ракометен шампион, Бранислав Ангеловски, со нетрпение ја оечкува пресметката со Вардар , во која прифаќа неговиот тим да влезе со епитет фаворит за победа.
„Натпреварите меѓу Пелистер и Вардар секогаш се за паметење, без разлика дали се играат во Битола или во Скопје. Утре ние сме фаворити, бидејќи играме во Битола, во нашата сала, бодрени од бучната публика. Се подготвуваме стандардно и немам посебна тактика. Добро би било истовремнео да се подготвуваме и за следниот предизвик наречен ПСЖ и само со таков пристап сигурно би го победиле Вардар. Ако на сите натпревари го имаме пристапот како што го имавме во ЛШ, ние не треба во ниту еден натпревар во домашното првенство да размислуваме за ништо друго освен за победа“, истакнува Ангеловски.