Македонија

ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ ДОАЃА НАСКОРО – заборавете на сонцето, еве што следува во следните денови! (ФОТО)

ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ ДОАЃА НАСКОРО – заборавете на сонцето, еве што следува во следните денови! (ФОТО)

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло понекаде со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час) најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во вторник времето ќе биде Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Најнови вести од Македонија

To top