Фудбал

Сопственикот на Наполи сака да го ангажира тренерот Пиоли

Сопственикот на Наполи сака да го ангажира тренерот Пиоли

Претседателот на актуелниот италијански фудбалски првак Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ја разгледува можноста да го ангажира тренерот Стефано Пиоли, кој најверојатно ова лето ќе ја напушти клупата на Милан.

Пиоли има договор со Милан до 2025 година, но е под притисок бидејќи клубот од Милано заостанува во битката за титулата, а доживеа и елиминација во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми изминатиот период шпекулираа дека Пиоли во јуни ќе го напушти Сан Сиро, а како негови можни наследници се споменуваа Антонио Конте и Хулен Лопатеги

Од друга страна, весникот Ил Матино објави дека првиот човек на Наполи исклучително ја цени работата на Пиоли и разгледува можност да го донесе на клупата за следната сезона.

To top