Словенечкиот ас Лука Дончиќ беше најдобар играч на Далас во победата над Њујорк Никс (108-122). Публиката во „Медисон Сквер Гарден“ можеше да ужива во добра кошарка, а првата ѕвезда на Мавси одново изведе магичен потег во свој стил.
Во еден напад, Дончиќ беше добро чуван на линијата за три поени, но го забележа Двајт Пауел. Словенецот изведе магична асистенција, фрли топка зад грб точно под обрачот за лесни поени.
ARE YOU KIDDING?! https://t.co/cgGI9xYi5F pic.twitter.com/ZmyET7g1s3
— NBA (@NBA) February 9, 2024
Luka MAGIC with a behind-the-back dime!
Mavs-Knicks on TNT pic.twitter.com/Hr3DNF2W9C
— NBA (@NBA) February 9, 2024
Овие потези на Дончиќ не се реткост ниту новитет, меѓутоа секој нареден изгледа спектакуларно.