ДПМНЕ нема план, а Мицкоски нема став за ниту едно клучно и стратешко прашање, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ. Остро се противеше ДПМНЕ на Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став. ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став. Велеа дека имаат начин и план за продолжување на пасошите. Не ги продолжија, не ја убедија амбасадорката на Грција, истакнуваат од владејачката партија.
Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ. Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ. ДПМНЕ и Мицкоски немаат ни план ни став, за ниту едно прашање, додават од СДСМ.