Полициски службеници од СВР Битола вчера ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени.
– На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И.. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.