Според египетски безбедносни извори Хамас покажал флексибилност во својот одговор, барајќи конкретна временска рамка за прекин на огнот по муслиманскиот празник Курбан Бајрам на почетокот на април.
– Египет ќе продолжи да вложи максимални напори за да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што е можно поскоро, изјави шефот на египетската државна информативна служба Диа Рашван.
Хамас предложи план во три фази за прекин на огнот во Појасот Газа односно размена на израелски заложници киднапирани на 7 октомври за палестински затвореници, обезбедување на обнова на Појасот Газа, обезбедување на целосно повлекување на израелските сили и размена на телата на загинатите.