Каталонските медиуми пишуваат дека управата на Барселона планира да се раздели со петмина фудбалери, а меѓу нив е и капитенот Серхи Роберто.
Минатото лето Серхи остана во Барселона само на инсистирање на Чави, но по заминувањето на тренерот на крајот од сезоната, речиси сигурно е дека и капитенот ќе го напушти клубот.
Договорот на Серхи Роберто истекува на крајот од сезоната и уште сега се знае дека претседателот Жоан Лапорта нема намера да му понуди нов.
Следни играчи кои се вишок се Маркос Алонсо и Ориол Ромеу од кои Барселона не очекува голема заработка, туку желба е управата е да ја намали сумата која ја издвојува за плати.
Лапорта очекува голема заработка од евентуалната продажба на Рафиња и Андреас Кристенсен кои ќе бидат ставени на трансфер-листата.