Познати

ПРИНЦОТ ХАРИ ИТНО ПРИСТИГНА ВО ЛОНДОН – што се случува во кралското семејство?

ПРИНЦОТ ХАРИ ИТНО ПРИСТИГНА ВО ЛОНДОН – што се случува во кралското семејство?

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помладиот син на кралот Чарлс III, итно отпатувале од Америка во Велика Британија за да бидат со својот татко, кому му бил дијагностициран рак.

Бакингемската палата вчера објави соопштение во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и неговата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари откако дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.

Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментално се наоѓа во Кларенс Хаус.

Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Америка, пишува Телеграф.

To top