Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид доби добри вести во пресрет новиот натпревар во Евролигата против Олимпија Милано. Имено, во тимот се враќаат повредените Серхио Љуљ и Еди Таварес.
Центарот и плејмејкерот беа надвор од терените од 11. јануари кога заработија повреди на надворешниот латерален лигамент на десниот зглоб, односно повредата на плантарната фасција на десната нога, но повредите се надминати и тие ќе патуваат со тимот во Италија.