Како бомба денеска одекна веста дека кралот Чарлс трети има рак.
Додека светот ги чита деталите за неговата болест, многумина фанови на кралското семејство се присетија на предвидувањата на еден твитерџија кој го погоди датумот на смрт на кралицата Елизабета втора.
Тој исто така го напиша и датумот на смрт на кралот Чарлс, по што многумина се вознемирија, бидејќи навистина би можело да се оствари.
Имено тој напиша дека кралот ќе почине на 28 март 2026 година.
Освен тоа и во толкувањата на Нострадамус пишува дека кралот Чарлс ќе биде кратко на тронот, а потоа ќе дојде сосема неочекуван човек.
Нострадамус, францускиот лекар и пророк, наводно успешно ја предвидел смртта на Елизабета Втора во 2022 година. Така барем познавачите толкуваат одредени стихови оние кои ги проучуваат неговите записи, а според еден од нив владеењето на кралот Чарлс Трети може да биде исклучително кратко.
Велат, Чарлс Трети ќе биде принуден да абдицира по огромен притисок на британската јавност, а некој сосем неочекуван ќе биде прогласен за нов монарх.
Марио Ридинг, еден од водечките светски експерти во областа на толкувањето на визиите на пророкот, во неговата книга објавена во 2006 година исто така напиша дека кралицата ќе умре во 2022 година.
Рединг дешифрирал повеќе предвидувања на астрологот во книгата „Нострадамус: Целосни пророштва за иднината“, во која наведува дека заминувањето на Елизабета од овој свет ќе доведе до одвојување на Австралија од Комонвелтот, пренесува порталот 7NEWS.
„Принцот Чарлс ќе биде крунисан наместо Елизабета и ќе стане крал на островот, што значи дека тој повеќе нема да биде крал на другите региони во светот со кои владееше неговата мајка – Канада, Австралија, Нов Зеланд. Тие региони во меѓувреме ќе станат републики“.
Рединг понатаму тврди, врз основа на репликите на Нострадамус, дека јавноста никогаш не му простила на Чарлс за принцезата Дијана и дека сѐ уште присутниот гнев поради нејзината смрт ќе биде она што ќе го принуди да абдицира.
„Притисокот врз него ќе биде толку голем, а годините ќе го издаваат, и тој ќе абдицира во корист на својот постар син, принцот Вилијам“, пишува Рединг, но во истата верзија на книгата од 2006 година изнесува и еден поинаков став за тоа кој би можел да ја преземе монархијата по абдикацијата на Чарлс.
Имено, во последниот запис на Нострадамус многу јасно пишува дека тој ќе биде заменет со „човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, па се поставува прашањето дали тронот можеби ќе го преземе принцот Хари.
„Тогаш би бил крал Хенри IX, на само 38 години“, напишал Ридинг во својата интерпретација на репликите на Нострадамус.
Меѓутоа, како што пишува австралискиот медиум, има уште еден кандидат на кој досега никој не сметал, а тоа е „дедото од Квинсленд“, Сајмон Доранте-Деј.
56-годишникот веќе долго време тврди дека е таен син на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила и покрена серија правни случаи против кралското семејство.
„За неколку часа пет луѓе ми ја испратија оваа страница од книгата на Ридинг“, изјави Доранте-Деј за 7NEWS. „Тоа секако е тема за размислување. Предвидувањето јасно покажува дека некој надвор од рамката би можел да го замени Чарлс како крал. Разбирам зошто некои луѓе мислат дека јас одговарам на тој опис“, рече Доранте-Деј.
„Верувам дека сум син на Чарлс и Камила и со нетрпение го чекам денот кога ќе се појавам на суд, можноста да го докажам тоа. Можеби Нострадамус го имал истото мислење како мене, дека сето ова еден ден ќе излезе на виделина“, додаде тој.