Угостителските услуги во јануари годинава, во споредба со истиот месец од 2023, се зголемени за 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во однос на декември лани, пак, угостителските услуги поскапеле за 0.6 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %,
Безалкохолни пијалаци за 1.7 % и Ноќевања за 0.8 %.