Британецот Луис Хамилтон го шокираше светот и потпиша договор со екипата на Ферари, а фановите на Формула 1 сѐ уште се обидуваат да го апсорбираат трансферот кој е едно од најголемите изненадувања во историјата на овој спорт.
Долгогодишниот возач на Мерцедес реши да замине во таборот на големиот ривал и ќе започне со новата етапа од 2025 година, а конечно за првпат даде и изјава која помалку ги зачуди сите навивачи на италијанскиот тим.
Минатите денови беа потполно луди и исполнети со многу емоции. Како што знаете, после неверојатни 11 години во Мерцедес, дојде време да започнам ново поглавје во животот. Следната година доаѓам во Ферари и се чувствувам навистина среќно.
После сѐ што освоив со Мерцедес, мислам дека би можел да имам успех и во новиот тим. Во детството сонував за две работи, да бидам шампион и да го возам црвеното ферари. Конечно, мечтата ми се исполнува“, напиша Хамилтон на својот Инстаграм профил.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 потпиша договор вреден 70 милиони евра по сезона и станува убедливо најплатен возач во најпрестижниот авто-мото циркус. Хамилтон е еден од само двајцата возачи со седум титули, заедно со Михаел Шумахер.