Македонија соопштение

СДСМ: Како ДПМНЕ влезе во Влада така излегоа на виделина сите нивни лаги

Како ДПМНЕ влезе во Владата, така на видели излегоа сите нивни лаги, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

СДСМ: Како ДПМНЕ влезе во Влада така излегоа на виделина сите нивни лаги

Како ДПМНЕ влезе во Владата, така на видели излегоа сите нивни лаги, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Мицкоски велеше дека прифаќа учество во Влада, но без ДУИ. ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ – Мицкоски ги излажа граѓаните. Пред да влезе во Влада, ДПМНЕ најавуваше дека со закон ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите. Ништо од закон, ништо од решение, ДПМНЕ наишло на ѕид од грчката амбасадорка. ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ЕУ да убедат да го промени ставот. Како тогаш ДПМНЕ може да убеди 27 земји членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија, како тогаш може да репреговара, да го смени францускиот, односно европскиот предлог, истакнуваат од владејачката партија.

Мицкоски го манипулира своето членство и ги лаже граѓаните. На Мицкоски не може да му се верува, се што кажа – излажа, порачаа од СДСМ.

To top