Фудбал

Винисиус го потврди трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Винисиус го потврди трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Постот за трансферот на 25-годишниот Французин се појави на шоу-профилот „Sneaker Shopping“ на социјалните мрежи.

-Две легенди на „Sneaker Shopping“ наскоро ќе се здружат на Сантијаго Бернабеу, стои во објавата, која ги означи профилите на Мбапе и Винисиус.

На 23-годишниот Бразилец му се допадна објавата и ја лајкуваше.Претходно медиумите објавија дека Винисиус е против трансферот на Мбапе во Реал Мадрид и наводно се заканил дека ќе го напушти клубот доколку дојде до овој трансфер. /МИА

To top