Познатиот македонски музичар Никола Перевски Пере ја загуби мајка си.
Вчеравечер преку својот профил на Фејсбук Пере објави дека почина жената од која научил што значи вистинска љубов и преку своето обраќање сакаше јавно да го сподели своето последно збогум со мајка си.
-Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо, додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш. Слава ти…
Твојот син Никола со семејството, напиша Пере кој објави заедничка фотографија од деновите кои заедно со спомените ќе останат засекогаш.