Храна и Пијалаци вкус за паметење

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори.

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Постојат многу рецепти со мелени бисквити, но ретко кој е вака автентичен, со вкус кој се памети долго.

Плазма колачот се подготвува многу брзо, со оглед на тоа дека на еден фил му треба околу еден час во фрижидер да се стегне.

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори.

Состојки:

100 грама маргарин или путер
200 грама шеќер во прав
600 грама мелени бисквити
400 милилитри млеко
300 до 400 грама слатка павлака

Подготовка:

Во сад се ставаат маргаринот на собна температура и шеќерот во прав (100 грама), па сето тоа се мати со миксер. Потоа додадете мелена плазма (300 грама) и млеко (200 милилитри), измешајте со миксер. По мешањето, смесата треба да биде мазна и соединета.

Подгответе калап 30х20 сантиметри. Добиениот фил ставете го на дното и измазнете го со шпатула. Оставете во фрижидер да се стегне.

Во сад измешајте 100 грама шеќер во прав и 200 милилитри ладно млеко, па изматете со миксер. Потоа додадете ја слатката павлака и повторно изматете, па измазнете ја со шпатула. Додадете 300 грама мелена плазма. По еден час во фрижидер, извадете ја кората и одозгора ставете го овој плазма фил. Измазнете, а одозгора ставете изматена слатка павлака или шлаг по избор.

Украсете со мали плазми или мелени бисквити.

To top