Македонија ќе бидат соодветно наградени

Тошковски: 25 припадници на МВР, доброволно се пријавија да помогнат во издавањето на лични документи

Во текот на денешниот ден бев во посета на Одделението за управни работи – Скопје каде директно се запознав со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски: 25 припадници на МВР, доброволно се пријавија да помогнат во издавањето на лични документи

Имено, досега 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во овој процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени.

Исто така, ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на вработените во ова Одделение кои и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните, пишува Тошковски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top