Големата награда на Јапонија, која традиционално се вози во Сузука, останува во календарот на Формула 1 до 2029 година, соопшти денеска Ф1.
На патеката во Сузука веќе се одржани 33 трки, а премиерното издание беше во 1987 година.
Рекордер според бројот на победи во Сузука е Германецот Михаел Шумахер, кој шест пати ја освојуваше ГН на Јапонија.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 2 март со ГН на Бахреин, а во календарот се вклучени 24 трки.
Трката за ГН на Јапонија во новата сезона е на програмата на 7 април.