Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) гледа поголем ризик за глобалната економија доколку централните банки почнат да ги намалуваат каматните стапки прерано, наместо „малку“ предоцна, изјави генералната директорка на оваа институција Кристалина Георгиева. Федералните резерви на САД, Европската централна банка и другите централни банки ги одржуваат каматните стапки покачени во последните неколку месеци во обид да ја вратат инфлацијата на целта од 2 отсто, по постпандемискиот пораст на цените, пренесува Кликс.ба.
„Нашиот тим ја погледна историјата и заклучокот што го извлекоа е дека ризикот од прерано попуштање е поголем од ризикот да се доцни малку“, рече Георгиева за новинарите во Вашингтон. Таа ги повика централните банки, од друга страна, да не ги држат каматните стапки ригидни доколку не мораат и да дејствуваат во согласност со податоците, пренесе АФП.
Со оглед на тоа што инфлацијата сега паѓа во многу од светските напредни и економии во развој, вниманието е насочено кон тоа кога каматните стапки треба да почнат да паѓаат за да се стимулираат инвестициите и економскиот раст.