Стојаноски додаде дека веројатно првичната причина на ваквиот тип на менаџирање била ефективност и економичност меѓутоа се случува спротивното.
„Сега се поставува прашањето зошто се поставени овие менаџери. Веројатно првичната цел била да се корегираат долговите и да го имаме оној систем на ефективност и економичност, но за жал или проекциите на буџетот на секоја од тие институции не се прават како што треба иако постојат два менаџери или пак имаме недомаќинско работење или можеби е комбинација од едното и другото. Едниот од нив е лекар, а другиот економист и тука се случува голем проблем затоа што се поставуваат за менаџери економисти коишто се земени буквално од клупа и коишто немаат искуство во здравствениот сектор, а се поставени да менаџираат како резултат на тие коалициски договори“, потенцираше Стојаноски.
Тој исто така додаде дека една од главните цели на програмата на ВМРО-ДПМНЕ покрај нулта корупција ќе биде и економичното и домаќинско работење на здравствените институции.
„Она што ќе биде една од главните цели на програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покрај нулта корупција и практицирање на оние протоколи, покрај запазување на кадровата политика и ставање на акцент на зајакнување на капацитетите на јавниот здравствен систем, едно економично и домаќинско работење и менаџирање со здравствените институции. Тоа ќе биде можеби и главниот чекор да имаме поквалитетно јавно здравство затоа што здравствениот сектор е буџетски корисник и не е некој кој што продуцира економска вредност која понатаму може да биде конвертирана во финансиски средства. Да тој дава услуги за да може понатаму населението здраво да ја извршува својата секојдневна обврска, меѓутоа треба да бидеме свесни дека само со домаќинско коешто ќе биде на тој начин што нема да има непотребни менаџери нема да има набавки коишто се сомнителни или коишто се на некаков начин круна на некаков коалициски договор“, подвлече Стојаноски и додаде:
„Функционирањето на терцијалното здравство зависи од примарното и секундарното. Превенцијата на примарното и селекцијата на пациенти кон терцијалното од страна на секундарното здравство ја дава функционалноста на терцијалниот здравствен систем. Таму услугите се најскапи. Вие треба таму да ги испратите оние пациенти коишто навистина треба да дојдат до терцијалното здравство. Онаа регионализација која што ја планираме не е случајна, туку за да го имаат истиот квалитет на услуга граѓаните во сите региони на Република Македонија. На тој начин ќе може навистина да се овозможи ефикасно, ефективно и економично функционирање на здравствените системи“.