Жозе Мурињо кој пред десетина дена доби отказ во Рома, би можел да направи спектакуларен камбек во Премиер лигата и тоа на клупата на Манчестер јунајтед, пишува англискиот весник „Дејли мејл“.
Неименуван извор кој е близок до Мурињо, му рекол на новинарот на „Дејли мејл“ дека Португалецот чувствува дека има незавршена работа на „Олд трафорд“ по неговото заминување во 2018 година.