Регион најважно е да се зачуваат мирот и стабилноста

Унгарскиот генерал Штиц ја презеде командата над ЕУФОР во БиХ

На свечена церемонија во воената база Бутмир во близина на Сараево денеска се изврши примопредавање на командата на ЕУФОР, а унгарскиот генерал-мајор Ласло Штиц ја презеде командата на силите на ЕУ во БиХ од австрискиот генерал-мајор Хелмут Хабермајер.

Унгарскиот генерал Штиц ја презеде командата над ЕУФОР во БиХ

На церемонијата присуствуваа голем број домашни и меѓународни претставници, меѓу кои и високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит и шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер.

Новиот командант на ЕУФОР во БиХ извршувал различни воени должности во унгарската армија, вклучително и служба во Главниот штаб на унгарската армија во 1999 година.

Штиц од 2003 до 2006 година беше во заедничкиот оперативен центар на штабот на НАТО во Косово, а потоа работеше во Министерството за одбрана на Унгарија.

Во едно од неговите претходни изјави за медиумите, Штиц истакна дека ЕУФОР во БиХ ќе дејствува само доколку локалната полиција не може да обезбеди мир. Тој ја нагласи потребата од непристрасни воени сили во БиХ, подготвени да дејствуваат доколку ескалира ситуацијата, додавајќи дека најважно е да се зачуваат мирот и стабилноста во регионот.

To top