Првиот албански суперавтомобил, „Illyrian TSX“, е претставен во италијанскиот град Торино.
Зад овој модел стои компанијата „Arrera Automobili“. „Illyrian TSX“ има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 коњски сили, а максималната брзина би требало да му биде до 375 км/ч.
Исто така, според некои информации, од 0 до 100 км/ч ќе развива за 2,7 секунди.
Цената зависи од пакетот опрема која доаѓа со автомобилот, а се движи до 1,2 милиони до 1,7 милиони евра.