ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Се што кажа Мицкоски излажа. Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
А сега ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа. Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ. Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата. Министрите на ДПМНЕ не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа. Ништо не е променето во ДПМНЕ. Во оваа партија едно се говори, друго се мисли, трето се прави, истакнаа од СДСМ.
На Мицкоски не може да му се верува, порачаа од владејачката партија.