Искусниот италијански тренер Карло Анчелоти обелодени кој е планот на Реал Мадрид за зимскиот преоден рок.
„Кралевите“ секогаш се поврзуваат со разни играчи, а во последните години најмногу со Килијан Мбапе кој е во центарот на вниманието на секој трансфер прозорец.
Сепак според Анчелоти клубот од „Сантијаго Бернабеу“ нема намера да влезе никакви потези во јануари.
– Во јануари не планираме да носиме нови играчи. Никој. Мислам дека јануарскиот преоден рок нема ни да постои за нас. Пред крајот на сезоната ќе се вратат повредените Едер Милитао и Тибо Куртоа. Ништо не планиравме за јануари. За време на летото? Можеби, ќе видиме – изјави Анчелоти.