Македонија

На првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски тргна во решавање на скандалот со Онкологија

На првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски тргна во решавање на скандалот со Онкологија

Поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија и двајца вработени, од кои една медицинска сестра се приведени денеска во врска со скандалот на Онкологија, кој минатата година ја разбранува јавноста.

Дел од медиумите излегоа со информации дека станува збор за поранешниот директор Нино Васев.

Директорката на Клиниката Виолета Клисарова и организациски директор, Халид Матоши во изјава за медиумите нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен.

„Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот“, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.

Најнови вести од Македонија

To top