Македонија стратешки дијалог со сад

ОД ЛУКЕ ВО ОКЛАХОМА: Рудник за АНТИМОН во КРИВОПАЛАНЕЧКО кој ќе се извезува во САД, најави премиерот Мицкоски

Рудата ќе се извезува во САД каде што ќе се топи во топилница во Оклахома, како што ме информираа инвеститорите  – рече Мицкоски.

ОД ЛУКЕ ВО ОКЛАХОМА: Рудник за АНТИМОН во КРИВОПАЛАНЕЧКО кој ќе се извезува во САД, најави премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави отворање на рудник за антимот во кривопаланечко, кој ќе биде американска инвестиција во рамки на стратешкото партнерство.

-Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е  рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал нешто што може да значи многу за нашата економија. Истрагите таму се при крај и очекувам тоа да биде почнато многу скоро. Рудата ќе се извезува во САД каде што ќе се топи во топилница во Оклахома, како што ме информираа инвеститорите  – рече Мицкоски.

Тој посочи дека пред американските инвеститори ќе биде претставен и енергетскиот проект „Чебрен и Галиште“.

Премиерот рече дека во рамки на дијалогот ќе се разговара и за изградбата на дВата центри во кои инвеститори ќе бидат американски компании на што веќе се работи.

Најнови вести од Македонија

To top